
Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци.
Исплатите се однесуваат на:
∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино” – 59.942.278 денари за 39 корисници;
∙ Мерка 213 „Плата за овчари” – 34.089.868 денари за 43 корисници;
∙ Мерка 112 „Млади земјоделци” – 17.815.422 денари за 48 корисници;
∙ Мерка 121.7 „Комбајни за ориз” – 28.779.597 денари за 48 корисници;
∙ Програма за рурален развој (набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош) – 96.661.300 денари за 34 корисници.
Од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство велат дека ќе продолжат да даваат поддршка на македонските земјоделци.


