Skip to main content
Свет

Иранската војска набави околу 1.000 дронови

13/01/2025  11:02

Околу илјада нови дронови денеска и беа испорачани на иранската армија, јави агенцијата Тасним.

Дроновите биле испорачани на неколку различни локации во Иран, а наводно се летала со способност да бидат речиси невидливи за време на напади.

-Карактеристиките на овие дронови, кои вклучуваат домет од 2.000 километри, деструктивна моќ, способност за минување низ одбранбени слоеви и автопилот, не само што ги зголемуваат нашите способности за граничен надзор, туку и воената способност на флотата на дронови да напаѓаат далечни цели, соопшти иранската агенција.