Skip to main content
Свет

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина

13/06/2026  11:33

Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормуската Теснина, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но оти разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна.

Би-Би-Си пренесува дека американски функционери потврдиле дел од деталите на договорот. Според нив, економските придобивки за Иран ќе зависат од тоа дали Техеран ќе ги исполни своите обврски.

Арагчи рече дека постојат „и поддржувачи и противници“ на најновите услови од договорот меѓу официјалните лица на Врховниот совет за национална безбедност.

– Мораме да почекаме. Ако биде одобрен, договорот ќе биде потпишан на далечина – додаде тој.