
Организација за атомска енергија на Иран потврди дека бил извршен напад врз нуклеарниот комплекс Натанц.
Натанц, заедно со објектите во Исфахан, претставува еден од најважните сегменти на нуклеарната инфраструктура на Иран и се наоѓа во централниот дел на земјата.
Според проценките, главната цел на САД и Израел во тековните тензии е ограничување на нуклеарната програма на Иран, со намера да се спречи развој на нуклеарно оружје.


