Skip to main content
Свет

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

17/07/2026  19:58

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска предупреди дека ќе продолжи со нападите сè додека САД не ги прекинат нападите врз јужниот дел на Иран и во Ормуската Теснина.

„Нашите ефикасни и прецизни напади, што се изведуваат од целата територија на Иран против непријателот, ќе продолжат сè додека не се воспостави мир долж јужниот брег на земјата и воо Ормуската Теснина“, напиша на социјалните мрежи командантот на Воздушно-космичките сили на ИРЦГ, Маџид Мусави.