Skip to main content
Свет

Нападнат еден од најголемите нафтени центри во Саудиска Арабија

02/03/2026  10:02

Според првите извештаи, Иран со дронови „Шахед“ го нападнале објектот „Арамко“ во Рас Танура, во саудиска Арабија, локација за која се вели дека е еден од најголемите нафтени терминали во светот.

Работниците во фабриките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.

Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.

Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура може да има сериозни последици за глобалниот пазар.