Skip to main content
Музика

Имаа недоразбирања но ги надминаа: Карлеуша дојде за последен пат да се збогува со Поповиќ (ФОТО)

06/03/2025  20:50

Јелена Карлеуша денес дојде на последното збогување на Саша Поповиќ, кој беше погребан на Новите Бежанијски гробишта.

Иако претходните денови веќе им изрази сочувство на семејството на Саша и сопругата Сузана, таа дојде на гробиштата да се поздрави и се гушкаа неколку минути.

Јелена носеше црн фустан и чевли на високи потпетици, а дојде во придружба на нејзиниот пријател и менаџер Зоран Бирташевиќ.

Јелена Карлеуша беше член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ од 2015 до 2021 година, а за тоа време се дружеше со Поповиќ. Една година подоцна, тие се скараа, но тоа го надминаа коа Саша се разболе.

Инаку, гробот на Саша се наоѓа веднаш до гробот на мајката на Јелена, Дивна.