Skip to main content
Свет

Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија

10/01/2026  21:11

Социјалната мрежа Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија, но само на својата веб-верзија.

Старите објави на врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи, одеднаш почнаа да го прикажуваат знамето на монархијата од периодот пред Исламската револуција, на кое се наоѓаат лав со меч и стилизирано сонце.

Новите објави на промонархистичката опозиција, кои го користат ажурираното иранско знаме, на мобилната апликација сè уште се појавуваат со знамето на Исламската Република.

Платформата Икс е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск.