Skip to main content
Хроника

И се заканувал на поранешната сопруга и не ги почитувал мерките на судот за посета на неколкумесечното бебе – кривична за кумановец

23/01/2025  18:49

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.М.(32).

Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурност” и „неизвршување судска одлука”.

Пријавениот испраќал заканувачки пораки на неговата поранешна сопруга и не се придржувал кон мерките издадени од Основен суд Куманово за посета на неговото неколкумесечно бебе.