Skip to main content
Спорт

И машката македонска репрезентација ќе игра финале на Светското училишно првенство во ракомет

27/04/2026  17:13

Кадетската македонска ракометна репрезентација избори финале на Светското првенство што се игра во Скопје.

Избраниците на селекторот Горан Кузмановски попладнево забележаа убедлива победа над Србија со 30:19 во првото полуфинале на машкиот турнир.

Противник на „Црвено-жолтите“ утре во натпреварот за златниот медал ќе биде поуспешниот од дуелот Израел – Хрватска кој ќе се одигра попладнево.

Претходно во текот на денот пласман во големото финале обезбеди и македонската женска репрезентација, откако во полуфиналето ја победи Турција со 30:22. Противник на нашата селекција во мечот за златото ќе биде Хрватска.

Финалните натпревари во двете конкуренции се закажани за утре (28 април), женското во 14 часот, машкото е два часа подоцна (16 часот).