Skip to main content
Магазин

И „Барбиките“ добиваат вештачка интелигенција

18/06/2025  12:21

Производителот на играчки, „Мател“ (Mattel) се здружува со „Опен-АИ“ (OpenAI) со цел развој на производи и услуги со вештачка интелигенција, засновани на брендовите на „Мател“. Нивниот прв производ се очекува да биде објавен оваа година.

Бред Лајткап, главен оперативен директор во „Опен-АИ“, изрази задоволство од оваа соработка.

– Ние сме задоволни што работиме со „Мател“, додека тој се движи кон воведување мислечки искуства и производи со ВИ во своите култни брендови, истовремено обезбедувајќи им ги на своите вработени придобивките од „Чет-ГПТ“ низата, изјави Лајткап.

Џош Силверман, претставник на „Мател“, додаде:

– Секој наш производ и искуство се дизајнирани да ги инспирираат обожавателите, да ја забавуваат публиката и да ги збогатат животите преку игра. ВИ има моќ да ја прошири таа мисија и да го прошири досегот на нашите брендови на нови и возбудливи начини. Нашата работа со „Опен-АИ“ ќе ни овозможи да ги искористиме новите технологии, да ја зацврстиме нашата водечка улога, како и преосмислувањето нови начини на игра.

Во 2023 година, филмската верзија на „Барби“ – со Маргот Роби во главната улога, заработи скоро 1,5 милијарди долари на светско ниво. Минатиот месец компанијата ги прекомбинираше својот филмски и ТВ-оддел, со што се основа „Студиото Мател“ и „Мател филмс“, на чело со Роби Бренер и претседателот и главен извршен директор на компанијата, Ajнон Крejз.