
Јеменското движење Хути, поддржано од Иран, вети дека ќе се одмазди за вчеерашните саудиски напади врз цели во Јемен, преднсува ДПА.
Нападите врз цивилни цели „нема да останат неказнети“, објави новинската агенција Саба, контролирана од Хутите.
Доцна синоќа, воената коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти дека извршила напади во Јемен како одговор на нападот врз брод под саудиско знаме.
Портпаролот на коалицијата, Турки ал-Малики, рече дека нападите биле насочени кон „легитимни воени цели“ што им припаѓаат на Хутите во јеменската покраина Ходеида, поврзани со заканите против бродовите во Црвеното Море.
Медиумите поврзани со Хутите објавија дека имало воздушни напади во пристанишниот град Ходеида. Погодени биле државната телекомуникациска компанија во Ходеида и цели на островот Камаран.
Иранскиот државен радиодифузер Прес ТВ објави дека следеле контранапади на Хутите во Саудиска Арабија, вклучувајќи експлозии во пристанишниот град Јанбу. Крајбрежниот град Џазан, исто така, бил нападнат со ракети.
