
Хрватска може привремено да ја суспендира примената на Системот за влез/излез (EES) на Европската унија во случај на големи толпи на границите, објави денес Хрватската радиотелевизија (HRT).
Во итни ситуации, кога се очекува чекање повеќе од 45 минути , граничната полиција може делумно да го суспендира процесот на внесување биометриски податоци, што значи дека на патниците не им се земаат отпечатоци од прсти и не им се прават фотографии на лицата, но пасошката контрола останува задолжителна.
„Постојат некои можности за краткорочна привремена флексибилност и ќе ги искористиме доколку се појави потреба“, рече хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, наведувајќи дека системот EES е првенствено наменет за безбедноста на граѓаните на ЕУ.
Системот EES, кој ги евидентира влезовите и излезите на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, дополнително ги забави контролите на хрватските граници, особено во текот на летната сезона и го зголеми сообраќајот.
Божиновиќ изјави дека сегашната имплементација на системот го спречила влезот на околу 5.000 луѓе во Европската Унија.

