Skip to main content
Магазин

Хронично болните посебно да внимаваат на наглото опаѓање на надворешните температури

11/01/2025  23:30

Наглите временски промени и падот на температурите претставуваат сериозен стрес за организмот, предупредуваат докторите. Најпогодени се хронично болните и лицата со срцеви заболувања, кај кои стеснувањето на крвните садови може да предизвика влошување на здравствената состојба. Симптоми како болка во градите и главата, вртоглавица, раздразливост и губење концентрација се најчести.

Советите на стручњаците:

Прилагодување на терапијата: Хронично болните треба да ја консултираат својата терапија со лекарот за да ја усогласат со новите климатски услови.

Здрава исхрана: Продолжете со внес на лесна храна, овошје и зеленчук, кои помагаат организмот да се прилагоди.

Хидратација: Внесувајте доволно течности како вода, чај и природни сокови.

Физичка активност: Умерената активност и осум часа квалитетен сон се клучни за здраво прилагодување на телото.

Топла облека: Облекувањето е од голема важност. Јакните стануваат задолжителни, а следењето на надворешните температури помага во соодветното облекување.

Со овие мерки, може да ги минимизирате ризиците од здравствени проблеми и полесно да ги поднесете временските промени.