
Двајца малолетници од Битола, неколку пати со закана принудувале две малолетнички на секс. Им се зaканувале дека поседуваат видеа од нив, соопштија од СВР Битола, пренесува СДК.МК.
Случајот во полиција го пријавила мајката од едно од девојчињата.
Од СВР Битола информираат дека со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.