Skip to main content
Македонија

Хорор сцени во Крушево: 15-годишно девојче си игра и вперува пушка на 11-годишниот брат!

15/11/2025  22:00

Полицијата го расветли случајот што деновиве кружеше на социјалните мрежи, во кој се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат. Инцидентот, според полицијата, се случил во дом во селото Јакреново, крушевско.

На 14 ноември 2025 година, околу 13 часот, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А. (44) од истото село одзеле ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Одземањето следело по пријавата и по утврдувањето на фактите околу објавеното видео.

По извршените проверки и консултациите со јавен обвинител, оружјето е привремено одземено, а по целосното документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полицијата апелира до граѓаните за поголема внимателност при чувањето и користењето на огнено оружје, особено во домови каде престојуваат малолетни лица.

ЛИНК ДО ВИДЕО