Skip to main content
Македонија

Хоџа иницира редовен дијалог со граѓанските организации за животна средина

22/05/2026  19:16

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои активно работат во областа на заштита на животната средина.

Средбата е дел од заложбата за воспоставување редовен, отворен и транспарентен дијалог со граѓанскиот сектор, со цел заедничко креирање политики и решенија.

Министерот Хоџа истакна дека институциите мора да бидат достапни за сите засегнати страни, особено за организациите кои со години активно придонесуваат во заштитата на природата и ги следат состојбите на терен. Тој нагласи дека целта е создавање услови за зелен пресврт во државата, но дека таквите процеси не можат да се реализираат без активна соработка со граѓаните и граѓанските организации.

На средбата, претставниците на здруженијата ги споделија своите предлози, приоритети и предизвици, при што беше договорено ваквите координации да продолжат и во иднина како редовна платформа за комуникација и партнерство.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено на инклузивен пристап и заедничко делување кон здрава животна средина за сите граѓани.