Skip to main content
Македонија

Ходаи: Гаши се уште не одговорил, студентите може да се соберат пред Собранието

26/11/2026  20:45

Студентите сè уште чекаат официјален одговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши, на барањето да им се овозможи да се хранат во собранискиот ресторан по истите цени како пратениците. Поради тоа, најавената посета на 27 ноември нема да се одржи, изјави Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

„За жал, уште немаме одговор од страна на спикерот на Собранието, господинот Африм Гаши, дали собранискиот ресторан ќе има отворен ден за студентите“, рече Ходаи.

Тој посочи дека ќе остават уште време за официјален одговор, по што со студентите ќе се договорат за следните чекори. Меѓу можностите што ги разгледуваат е и самостојно да се организираат и да се соберат пред Собранието без покана.