
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во САД и да се жали на друга земја. „Луѓето немаат време за тоа“, вели Хил кој смета дека очекувањата се регионот сам да почне да си ги решава проблемите.

Хил нагласи дека меѓусебното признавање не е на маса, туку дека тоа е нормализација, и дека верува дека „ЕУ излезе со прилично сериозен предлог во Охрид кој треба да се разгледа“, пренесува Танјуг.
– Мислам дека САД ќе се потрудат да им кажат на земјите на Балканот да почнат сами да ги решаваат своите проблеми. Мислам дека луѓето се малку уморни од тоа во време кога земјите доаѓаат кај нас или во некоја западноевропска земја жалејќи се од својот сосед. А главниот проблем, секако, е што во светот се случуваат и други работи. Веќе не живееме во 1990-тите. Живееме во сосема поинаква ера – вели Хил.