Skip to main content
Македонија

Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

16/02/2026  15:50

Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса откако избувнал пожар во неговата куќа. Настанот бил пријавен на 15.02.2026 година во 13:23 часот во СВР Штип, при што било соопштено дека на улицата „14 Јуни“ настанал пожар во куќа сопственост на Љ.Ѓ. (80).

Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица веднаш излегле на местото на настанот и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат. По преземени мерки, со помош на скали лицето било безбедно симнато.

На 80-годишниот маж му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Штип поради вдишување чад, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, а увид на местото извршиле надлежните служби.