Skip to main content
Балкан

Хаос во албанскиот парламент – опозицијата запали бакљи поради обвинувања за корупција

18/12/2025  21:13

Хаотична атмосфера денеска ја одбележа седницата во албанскиот парламент, откако пратеници од опозицијата запалија бакљи и фрлаа вода во салата, протестирајќи против, како што наведуваат, корупцијата во владата, објави The Telegraph. Снимките од Тирана покажуваат густ чад и турканици меѓу пратениците, додека обезбедувањето се обидувало да воспостави ред.