Skip to main content
Свет

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

09/10/2025  21:37

Протераниот лидер на Хамас од Газа, Калил Ал Хаја вечерва изјави дека војната е завршена и дека почнува трајно примирје.

Тој наведе дека договорот вклучува: отворање на преминот Рафа во двата правци; ослободување на сите палестински жени и деца од израелските затвори; гаранции од САД, арапските посредници и Турција дека војната во Газа е трајно завршена.

Но, во меѓувреме висок претставник на Хамас, Осама Хамдан во Египет изјави дека „ниту еден Палестинец не прифаќа разоружување“ и оти на Палестинците им е потребно „оружје и отпор“.

Неговата изјава е во спротивност со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува разоружување на Хамас, како и со изјавите на претставниците на палестинското движење.

Во моментот се одржува седница на израелската Влада на која треба да биде ратификуван договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас, а израелската армија соопшти дека се уште спроведува операции на терен.