Skip to main content
Македонија

Хакиран сајтот на Бигорски манастир на Инстаграм

03/02/2025  09:41

Сајтот на Бигорски манастир на Инстаграм синоќа е хакиран.

– Почитувани наши следбеници на социјалните мрежи, Ве известуваме дека нашиот официјален манастирски профил на Инстаграм е хакиран и во моментот нашето братство нема пристап до него, стои во објавата на страната на манастирот на Фејсбук.

Во меѓувреме, се додава, ги преземаме сите законски мерки за негово востановување.