
Досегашниот државен секретар во Министерството за економија и труд Хаким Сума кој доаѓаше од партијата БЕСА повеќе не е на функција.
Како што дознава 24инфо.мк на негово место најверојатно ќе биде поставен Јумни Адеми, досегашен државен советник за претприемништво и конкурентност на малите и средни претпријатија во истото Министерство.
За сега, не се познати причините за оваа промена, односно дали Сума е разрешен или пак сам си поднел оставка.