Skip to main content
Свет

Гутереш: ОН поведува иницијатива за сопствена реформа во пресрет на 80-годишнината од формирањето

13/03/2025  11:15

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска покрена нова иницијатива за реформирање на светската организација, велејќи дека е потребна поради големите кратења на финансиските средства поради глобалните предизвици. Обединетите нации имаат 193 членки и наскоро ќе прославуваат 80 години од своето постоење.

Тој и неговиот сојузник Илон Маск спроведуваат големи кратења на федералните трошоци, вклучително и за хуманитарни потреби ширум светот.

„Зборуваме за сосема различни процеси, методологии и цели. Ова е продолжување и интензивирање на работата што отсекогаш сме ја правеле“, изјави Гутереш.

Според него, целта на иницијативата на ОН е да се презентираат предлози до земјите-членки за подобрување на начинот на функционирање на светската организација, да се разгледаат зголемениот број мандати на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН и да се спроведат структурни промени за да се насочат операциите.

Иницијативата на ОН 80, рече тој, не е само за реформирање на Обединетите нации, туку е таму и за „подобро да им служи на луѓето чии животи зависат од нас“ и „даночните обврзници ширум светот кои се одговорни за сè што правиме“.

Иницијативата ќе го опфати не само Секретаријатот на ОН, туку и сите негови фондови и агенции и канцеларии во Женева, Најроби и Виена.

– ОН80 ќе биде предводен од заменик-генералниот секретар на ОН за политика Гај Рајдер, кој ќе ја предводи работната група од највисоките функционери од системот на ОН, рече Гутереш.