Skip to main content
Скопје

Густ чад и мирис на изгорено – пожар кај Маџари

22/03/2026  16:48

Пожар избувна попладнево во скопската населба Маџари, каде што гори отпад, создавајќи густ црн чад што се шири во околината.

Според првичните информации, огнот зафатил насобран отпад на отворен простор, а чадот е видлив од повеќе делови на градот. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, посочувајќи дека мирисот на изгорено се чувствува во поширокото подрачје.

На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада, кои работат на локализирање на огнот.