
Вчера утрината полициски службеници привеле 23-годишен скопјанец по претходна пријава дека заедно со уште четири други лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
„На 03.10.2025 во 05:00 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, го привеле А.М.(23) од Скопје, по претходна пријава дека тој заедно со Ј.Б.(22) и T.Н.(24) од една страна и Х.Ш.(19) и 17-годишен малолетник, од друга страна, сите од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, се наведува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.