Search

Груевски и денеска протестираше пред Министерство за правда

ВМРО-ДПМНЕ и денеска блокираше крсносници во најголемиот сообраќаен метеж, а во 18 часот одржа протест пред Министерството за правда.

Лидерот во оставка, Никола Груевски повторно го предводеше протестот на опозициската партија.

Беше побарано итно ослободување на притворените чие апсење беше оквалификувано како политички реваншизам и прогон на членовите на ВМРО-ДПМНЕ како во времето на комунистичка Југославија.

Она што се случи денес е невидено не само во историјата на Македонија, туку и во еден поширок контекст. Да се стави во притвор пет проценти од целокупниот пратенички состав, односно 12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е ништо друго, туку инсталирање на диктатура – рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова однесување, додаде, води кон целосна поларизација и радикализација во Македонија.

На протестот се обрати и Мане Јаковлевски, еден од основачите на партијата. Партијата, рече, што успеа да го оствари сонот на претходните генерации, денеска повторно е изложена на најбрутални притисоци. – Сакаат да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ, да уништат нешто што не може да се уништи, нагласи Јаковлевски.

Според Славчо Чадиев, партиски членови осми ден се излезени на улиците за да кажат дека уапсените не се терористи.

ВМРО-ДПМНЕ за 20 часот вечерва закажа прес-конференција на која ќе се обрати генералниот секретар Христијан Мицкоски. 

Треба да знаете
Последни објави