Skip to main content
Македонија

Груби го нема, ДУИ се оградува, Мицкоски не верува дека е чист како солза

22/12/2024  18:20

Косово или Албанија, каде во моментов се наоѓа екс вицепремиерот Артан Груби е прашањето што деновив си го поставува македонската политичка јавност.

„Чист сум како солза“ напиша пред некоклу денови Груби и оттогаш од него нема ни трага ни глас.

Груби се најде на меѓународна потерница а набрзо потоа од него се откажа и неговата матична партија – Демократската унија за интеграција.

„Нема веќе да ги коментираме прашањата за неговото бегство, затоа што Груби веќе не е дел од партијата“ кажаа од ДУИ.

Во меѓувреме, запрашан за коментар за отуството на Груби, премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гевгелија порача дека не сакал да шпекулира за тоа каде е бегалецот Груби.

„Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил чист како солза. Ако бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“ рече Мицкоски.

За бегството на Груби во Косово до овој момент поднесена е кривична пријава за граничниот полицаец кој го има пропуштено иако во тој момент за Груби имало мерка „постапи и задржи“ односно веќе бил баран со потерница во моментот кога ја минувал границата.