
Прес конференција на Добрила Андоновска, член на Советот на Општина Карпош
ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот мандат ја блокираше општината, ние не го опструиравме градоначалникот Сотир Лукровски, туку му дававме поддршка кога тоа беше во интерес на Карпош.
Но, господинот Лукровски уште во првиот месец почна да се жали дека му било тешко и дека процедурите биле сложени.
Како резултат на тоа, не примаше граѓани, не соработуваше со администрацијата и не се потруди да научи како функционира една општина.
Со таков однос не се води општина.
Јавна тајна е дека Лукровски веќе два пати поднесувал оставка. Тоа значи дека градоначалникот практично дигнал раце, а оние што го поставија сега се обидуваат да го задржат во фотелјата преку компромисно решение — боледување.
Но, ова не е решение, туку купување време.
Со ваквиот однос, Општина Карпош се доведува во состојба на несигурност, застој и институционална импровизација.
Дополнително, денес Неделчо држел колегиуми во Општина Карпош. Тоа е доказ дека тој не се однесува како лице со техничко овластување за потпис, туку како фактички градоначалник.
А Карпошани не гласале за Неделчо.
Овластување за потпис не е мандат од народот.
Затоа бараме итно свикување вонредна седница на Советот на Општина Карпош, на која ќе се расправа за настанатата состојба, статусот на градоначалникот, овластувањата дадени на друго лице и фактичкото раководење со општината.
Советот мора да биде информиран.
Граѓаните мора да ја знаат вистината.
Општината мора да работи.
Ако Лукровски не може, не сака или не знае да ја води Општина Карпош, чесно е да си поднесе оставка.
А по оставка на градоначалник, следуваат избори за нов градоначалник.
Решението е јасно:
оставка и избори за нов градоначалник на Општина Карпош.


