Skip to main content
Хроника

Граната од Првата светска војна пронајдена во битолско

08/02/2025  16:06

На 06.02.2025 во 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија „Мегленци“ во општина Новаци била пронајдена артилериска граната со калибар 75мм, која потекнувала од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, стои во денешниот полициски билтен.