Skip to main content
Економија

Граѓани повикуваат на бојкот на маркети во Македонија

27/01/2025  21:30

Граѓани на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на маркетите поради високите цени.

MK Summit

На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на ден 31.01.2025 (петок) под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“

Дел од корисниците на социјална мрежа Икс, покрај бојкот на маркети, повикуваат на бојкот и на кафулиња, ресторани, сендвичари.

Инаку во Хрватска започна масевен бојкот на тамошните маркети, а слична акција се најавува и во Црна Гора.