Skip to main content
Хроника

Грабеж за 30 секунди – украдени телефони вредни илјадници евра во Скопје

30/07/2025  23:19

Во скопската населба Сарај, две маскирани лица за само 30 секунди ограбиле продавница за мобилни телефони, одземајќи вкупно 52 уреди, објави 4NEWS.mk.

Сопствениците на продавницата велат дека се чувствуваат немоќно, бидејќи засега нема никаква трага ниту од крадците, ниту од украдените телефони.

Полицијата ја истражува кражбата и работи на идентификација и лоцирање на сторителите.