
Во скопската населба Сарај, две маскирани лица за само 30 секунди ограбиле продавница за мобилни телефони, одземајќи вкупно 52 уреди, објави 4NEWS.mk.
Грабежот бил снимен од безбедносните камери, а видеото покажува дека сторителите делувале брзо и прецизно, очигледно добро подготвени.
Сопствениците на продавницата велат дека се чувствуваат немоќно, бидејќи засега нема никаква трага ниту од крадците, ниту од украдените телефони.
Полицијата ја истражува кражбата и работи на идентификација и лоцирање на сторителите.
ЛИНК до видеото