Skip to main content
Македонија

Говорот на Ахмети значи притисок врз судската власт, рече Сиљановска Давкова

05/05/2025  15:00

Јас за разлика од господинот Ахмети ќе ги мерам зборовите. Не сакам да се мешам во судската власт, меѓутоа сите се повикувале на независноста на судската власт. Ваквиот говор значи притисок врз судската власт, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за изјавите на лидерот на ДУИ кој пред два дена порача дека ако неговиот сопартиец и екс-министер Крешник Бектеши биде обвинет за пожарот во Кочани, ДУИ ќе излезеле на улица и како што рече, „враќање нема“.

MK Summit

Шефицата на државата истакна и дека не сака дава оценка на квалификацијата и смета дека е „момент на слабост“.

-Не сакам да речам момент на искреност. Верувам дека 30 години потоа и ДУИ 20 години во власта, треба да се почитува начелото на поделба на власта и партиите треба да се држат настрана, кажа Сиљановска Давкова и додаде нема потреба од предвремени парламентарни избори доколку Арбен Таравари го напушти владејачкото мнозинство.

Според неа, предвремени избори треба да има кога се парализирани институциите и кога мнозинството на власта е на границата на потребните 61 пратеник. Вели дека има одредени проблеми, дел наследени, но потенцира дека институциите се справуваат со нив.