Skip to main content
Хроника

Гостиварка со автомобилот излетала од улица во градот и тешко се повредила

05/05/2025  17:28

45-годишна жителка на Гостивар е тешко повредена откако возејќи автомобил излетала од улица во градот, соопшти МВР.

„На 04.05.2025 во 16.25 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Братство Единство“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 45-годишната М.А. од Гостивар, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од екипа од ОВР Гостивар“, велат од полицијата.