Skip to main content
Скопје

Гори опасен отпад во Шуто Оризари?! (ВИДЕО)

09/07/2025  11:15

Голем пожар утринава има на потегот Шуто Оризари и Визбегово, а од се уште неофицијалните информации до кој дојде 24Инфо се работи за опасен отпад од една од фабриките кои се наоѓаат во овој дел од градот.

“Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе својства како што се: експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност канцерогеност итн. Како резултат на опасните супстанции кои ги содржи опасниот отпад тој претставува сериозен ризик за животната средина и здравјето на луѓето ако со него не се постапува правилно и безбедно”, стои на нивната официјална веб страна.

Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад, но тие не прецизираат за каков вид на отпад се работи.

Командантот на ТППЕ на Град Скопје Звонко Томески во изјава за МИА вели дека на терен се испратени четири возила кои интервенираат заедно со две возила од „Комунална хигиена“.

По барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), веќе дејствува авион Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гаснење на пожарот во реонот на Визбегово.