Skip to main content
Македонија

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот

21/08/2026  22:47

Пожарот што го зафати подрачјето на селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а противпожарните екипи се со максимален ангажман на терен во обид огнот што побрзо да биде локализиран и да се спречи неговото натамошно ширење.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, се на терен, од каде непосредно ја следат состојбата и активностите за справување со пожарот.

Во интервенцијата се вклучени екипи на ТППЕ Тетово, кои активно работат на совладување на огнената стихија и ставање на пожарот под контрола во најкус можен рок.

Од ЦУК апелираат до граѓаните на зголемена внимателност и одговорно однесување, особено при движење и престој на отворено. Се посочува дека совесното однесување е од исклучително значење за спречување нови пожари и нивно ширење.