Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

28/10/2025  21:02

На дуел кај Иван, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо.

Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.

“Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците“, вели Ѓорѓиевски.