Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

07/10/2026  14:23

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец”

Градежните активности опфаќаат замена на постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, кои ќе му дадат поубав и поблагороден изглед на просторот, во склад со неговото значење и местоположба. Истовремено, се реставрира постојната урбана опрема, а со дополнително хортикултурно уредување ќе се збогати зелената слика на паркот. Претходно, повторно засвети Вечниот оган кај фонтаната, кој во минатото не беше во функција.Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат активностите за обновување и редовно одржување на постојните паркови, но и подигнување нови зелени површини, за повеќе простор за одмор, дружење и уживање за сите генерации. Скопје заслужува грижа што се гледа и се чувствува.