
Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, гостин беше специјалист доктор Драган Ѓорѓиевски доктор по семејна медицина.
Ѓорѓиевски зборуваше за работата на матичните лекари, како и за предизвиците на здравствениот систем.
Според него, еден од најголемите проблеми е што многу граѓани на своја рака земаат антибиотици и други тешки медикаменти.
„Најголемата грешка во нашиот здравствен систем е што е лесна достапноста до лекови. Ние како лекари се среќаваме со секакви желботеки на пациентите, буквално ќе влезе во аптека и ќе си нарача Сумамед или Панцеф, нешто што не смее во Европа и светот, таму не можеш ниту еден бруфен сам да си купиш. Тука ние како лекари имаме проблем, но мора да работиме и да ја разбудиме свесноста“ рече докторот.
Ѓорѓиевски истакна дека лично тој гледа да препишува антибиотици само кога мора, но и дека таквиот однос наидува на неодобрување од одредени пациенти.
„Јас лично во мојата пракса гледам да го намалам бројот на препис на антибиотици и буквално давам антибиотици само тогаш кога тоа мора да се направи, кога имам јасна клиничка слика за некоја инфекција, кога некој има бронхит или пневмонија. А во однос на оние кои сами бараат антибиотии во најголем дел не им давам и да поради тоа се соочувам со испис на пациенти“ порача докторот.