Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, најави сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

13/09/2025  16:47

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Jа споделувам грижата на скопјани. 

Не само што некој си игра со трпението, туку си игра и со здравјето на илјадници граѓани во Скопје!

Го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги превземат сите неопходни мерки за откривање на сите кои се замешани во свесното и намерно потпалување на сите депонии околу главниот град Скопје. И ги повикувам да постапат брзо.

Институциите треба и мора да делуваат, а здравјето на граѓаните да биде заштитено.

Она што сите го гледаме, го зборуваме, размислуваме и посочуваме ќе го кажам јавно.

Постојат основани и отворени сомнежи кај мене, а и кај сите луѓе со кои разговарам, дека поголем дел од пожарите кои се случуваат овие денови се подметнати со цел создавање на вештачка криза во општеството во очи на претстојните локални избори. Никогаш во последните неколку децении не ни се случувало ова, да се палат ридови и сите ѓубришта во радиус од 20 километри околу главниот град.

Овие пожари се со цел да се предизвикаат политички пожари. За жал граѓаните и ние скопјани сме жртви. На ова мора да му се стави крај.

Верувам дека институциите ќе постапат и ќе дејствуваат брзо.

Најавувам дека по одржувањето на локалните избори првата и основна задача ќе ми биде создавање на систем каде нема да има пожари, Скопје ќе биде чисто, а депониите нема да бидат веќе проблем туку решение. Имам План за чисто и здраво Скопје. Имаме комунални претпријатија со илјадници вработени, а немаме кој да се грижи за комуналниот ред. 

На овој напад против животната средина и против здравјето на граѓаните мора да му се стави крај.