Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски повторно избран за претседател на ЗЕЛС

18/12/2025  15:44

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во наредните четири години ќе ја предводи Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како претседател. За негови потпретседатели се избрани градоначалниците на општините Центар и Чаир, Горан Герасимовски и Изет Меџити. Одлуката е донесена на денешната конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. За претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС е избран градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Тој информираше дека на средбата со колегите градоначалници разговарале и за воведување комунална полиција, при што останува заложбата општините да добијат комунална полиција во 2026 година. Изрази благодарност до колегите за дадената доверба и шанса.