
Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на „Фејсбук“ откри неколку сообраќајни приоритети што ќе бидат реализирани во првите месеци од неговиот мандат.
„Некои од овие проекти со години беа закочени, но време е да тргнат напред“, порача Ѓорѓиевски, наведувајќи ги следните планови:
- изградба на нова клучка во Хиподром за приклучок кон автопатот на источниот дел од градот,
- кружен тек кај „Тобако 2“,
- нов мост кај Вардариште што ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба,
- решавање на проблемите и пуштање во употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“,
- трета лента на булеварот „Александар Македонски“ на влезот во Скопје.
„Со силно темпо и динамика, како никогаш досега, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија – решенија што ќе ја олеснат секојдневната сообраќајна циркулација и ќе го направат градот пофункционален и поврзан. Скопје добива нов лик, за подобар и развиен град каков што заслужуваат скопјани,“ порача Ѓорѓиевски.