Skip to main content
Спорт

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

26/06/2026  21:08

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, во првото коло на Вомблдон ќе игра против финалистката од минатата година, Аманда Анисимова.

Ѓорческа, успешно ги мина трите квалификациски рунди и оствари историски успех, стана првата македонска тенисерка што ќе настапи во главната рунда на Гренд слем турнир.

Немаше среќа со ждрепката, бидејќи на патот кон втората рунда ќе и стои шестата фавортика на турнирот, Американката Аманда Анисимова.

Анисимова не го памти по добро ланското финале, бидејќи не освои ниту еден гем во двата сета во дуелот со Ига Швјонтек. Загуби со 6:0, 6:0 за само 57 минути игра.

Инаку, Анисимова минатата година играш и во финалето на Ју-ес опен.