
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС Oпен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија.

Хонтама е рангирана на 171.место на ВТА листата, a најдобриот ранг го имала, кога била на 105.место (5.август 2024 година).

Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот.

