Skip to main content
Балкан

Големи поплави во Будва

19/11/2025  16:44

Обилните дождови што ја зафатија Будва во текот на ноќта и утрото предизвикаа ненадејно зголемување на нивото на водата во реката Грѓевица, која поплави десетици автомобили оставени во нејзиното корито.

Поројот носи сè на својот пат во дел од градот што вообичаено служи како најголем паркинг во центарот на градот.

Овој проблем се повторува речиси секоја година со првите обилни дождови. Имено, реката Грѓевица пресушува поголемиот дел од годината, а нејзиното корито, особено во текот на летните месеци, се претвора во импровизиран паркинг за стотици возила.

Ова стана вообичаена практика бидејќи во Будванско поле, и покрај стотиците изградени згради и куќи, речиси и да нема организирани паркинг места, пишуваат црногорските медиуми. Силниот дожд создаде проблеми и во другите населби во Будва.