Skip to main content
Македонија

Голема заплена на дрога на македонско-српската граница

31/10/2025  08:52

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 29 октомври, на граничниот премин Табановце, осомничениот се обидел да пренесе 129,7 килограми марихуана во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки. Дрогата, спакувана во 14 торби и вешто скриена во внатрешноста на возилото, ја откриле царинските службеници при детална контрола. Возилото било во сопственост на превозна компанија од Словенија.

Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово за определување мерка притвор за осомничениот.