
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами.
Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Нуклеарните централи и постројки, меѓу кои и централата „Фукушима Даичи“, што беше тешко оштетена во разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година, и фабриката за преработка на потрошено нуклеарно гориво во Аомори, не пријавиле никакви неправилности по денешниот земјотрес.
Јапонија се наоѓа во сеизмички активна област позната како Тихоокеански огнен прстен, и е една од најизложените земји во светот на земјотреси.


