Skip to main content
Хроника

Голем пожар во Шуто Оризари, изгореле неколку дуќани

11/09/2026  09:36

Голем пожар избувнал рано утрово во општината Шуто Оризари, при што, според првичните информации, изгореле неколку дуќани, објави 4news.mk.

На терен веднаш интервенирале противпожарните екипи, но огнот брзо се проширил и зафатил поголем дел од објектите. Според првичните информации, нема повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.

Неофицијално, постојат сомневања дека пожарот бил подметнат, но оваа информација сè уште не е потврдена од надлежните институции.